Ѓоковиќ подобар од Федерер за трет Вимблдон

По 2 часа и 56 минути, Новак Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј на Вимблдон, а Роже Федерер по четврти пат излегува поразен од десеттото финале на Ол Ингланд клубот.

Во исклучително квалитетното финале, Новак Ѓоковиќ го совлада Федерер 3-1 во сетови 7-6. 6-7, 6-4, 6-3 и ја задржи круната на најпрестижниот тениски турнир во светот. На тој начин, Новак стигна до вкупно 9. Гренд слем трофеј во кариерата.

Денешниот дуел беше јубилеен 40-ти меѓу најдобрите двајца тенисери во светот во моментов. Со триумфот, Ѓоковиќ успеа да го израмни учинокот на 20 победи за двајцата. Ѓоковиќ и Федерер денес по 13-ти пат се сретнаа на еден Грен слем а Србинот води со 7-6 во победи.

Ѓоковиќ стана првиот тенисер после Федерер кој успеал да ја одбрани титулата на Вимблдон по периодот од 2003. до 2007. година.

Во женското финале синоќа Серена Вилијамс ја совлада Гарбин Мугуруза со 2-0 во сетови и го освои 21 Грен слем во кариерата со што е на само еден трофеј од Штефи Граф која има 22.

 

 

This is the moment Novak Djokovic became a three-time #Wimbledon champion.

Posted by Wimbledon on Sunday, July 12, 2015
12 јули 2015 - 18:47