Мечот на Вимблдон што имаше сè

Пцовки, скршени рекети, казни, прегратки, аплаузи. Содржински најбогатиот дуел од досегашниот тек на Вимблдон го одиграа Французинот Ришар Гаске и Ник Кирјос од Австралија. Славеше повозрасниот.

Летаа рекети скршени на парчиња а играчите ги гушкаа и децата задолжени за топчињата. Тешко беше да се сфати точната природа на мечот меѓу Ник Кирјос и Ришар Гаске, која што ја доби Французинот. Младиот Австралиец намерно губеше неколку поени во вториот сет, затоа што Гаске во тој момент имаше убедлива предност.
 
На Гаске за триумф му требаа 2 часа и 53 минути, а во еден момент Французинот се присетил на мечот од лани исто против Кирјос, кога Австралиецот се врати после 2-0 во сетови и на крајот славеше со 10-8 во петтиот сет.
 
Гаске, кој е 21. играч на АТП листата заработи казна од 3.000 долари поради тоа што го скрши рекетот од неговата столица. Од друга страна, Кирјос би можел да заработи рекордна казна од 160.000 фунти што значи дека ќе мора да ја даде целата сума што ја заработи од пласманот во осминафиналето на Вимблдон. Покрај тоа, Кирјос ќе треба да плати и 2.000 фунти за навредливите зборови и пцовките кога губеше поен.
 
Јасно беше колку му значеше победата на Гаске, особено што го прати дома најголемиот провокатор меѓу тенисерите.
„Да, многу добро се чувствував после тоа, затоа што многу бев фрустриран од настаните на теренот“, изјави Гаске по триумфот над 26. рангираниот Кирјос со 3-1 во сетови 7-5, 6-1, 6-7, 7-6.
Гаске во среда ќе игра против Станислас Вавринка, бројот 4 на АТП листата кој го совлада Давид Гофан со 3-0 во сетови.
 
Еве како Кирјос намерно губеше поени и ја изнервира публиката:

7 јули 2015 - 09:48