Во понеделник почнува најпрестижниот тениски турнир на светот, а Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Германецот Филип Колршајбер кој против Ноле има победа во 2009. година на Ролан Гарос.
Пред денешниот тренинг, Новак Ѓоковиќ го поканил 7-годишниот Џек Валентајн да дојде на теренот и да поигра тенис со него. Џек боледува од неутропенија, ретка болест поради која се смалува бројот на белите крвни зрнца. Поради тоа, малиот Џек секојдневно морал да прима инјекции со цел да го подобри функционирањето на имунолошкиот систем.
Новак го примил Џек пред егзибиционите мечеви на терените Булдс, каде двајцата поиграле тенис. По дружбата со Ноле, малиот Џек на Твитер му се заблагодари на Новак и изјави дека Ноле за него е најдобриот човек на светот. Инаку ова не е прв пат Србинот да има вакви акции. Често го користи слободното време да учествува во некоја хуманитарна акција.