Кога почнува?
Стартот на Гренд Слем турнирот е на 29 јуни и ќе трае до 12 јули. Натпреварите се играат секој ден, освен 5 јули кога е ден за одмор. Квалификациските натпревари се одржуваат од 22 до 25 јуни, додека ждрепката за првата рунда е на 26 јуни.
Време на играње
Вратите на Вимблдон се отвараат во 11:30, а натпреварите на терените се закажани за 12:30. На централниот и теренот број 1 мечевите започнуваат во 14 часот ( по наше време), освен финалињата во машка и женска конкуренција кои ќе се играат еден час подоцна.
Дуелите завршуваат околу 22 часот во зависност од временските услови, светлината и издржливоста на тенисерите. Клубот затвора еден час после завршување на мечот околу полноќ.
Како да дојдеш до билети?
За да дојдеш до карта на Вимблдон ќе треба да се помачиш, бидејќи тие на Централниот терен се распродадени за наредните 5 години (цената на тие им е 50.000 фунти).
Љубителите на тенисот можат да дојдат до карта за терените бр. 3 до терените бр. 19 во зависност дали е за седење или стоење, и нивниот број се намалува после 18 часот. За посетителите се препорачува да чекаат пред терените неколку часа порано, а кога има мечеви кои траат подоцна тие можат и да кампуваат. За деца до 5 години влезот е бесплатен.
Како да стигнете до таму?
Најблиските автобуски станици се Саутфилд и Вимблдон, кои се на 20 минути од Ол Ингланд Клубот. На секои 30 минути имате директни автобуси од Ст. Панкрас, Еустон, Бејкер стрит, Марбл Арч и Викторија подземното метро.
Колкав е наградниот фонд?
Вкупниот награден фонд на Вимблдон е 26,75 милиони фунти, што е за 7% повеќе од минатата година кога беше 25 мил. фунти.
Шампионите во поединечна конкуренција ке заработат 1.88 милион фунти, што е за 120,000 повеќе од 2014. Прваците во двојки ќе инкасираат 341.250 фунти по пар, додека мешаните двојки и двојките во инвалидски колички ќе заработат 100.800 фунти и 15.360 фунти поединечно.
Кого би гледале?
По освојувањето на Роланд Гарос, Станислас Вавринка го освои вториот Гренд слем во својата кариера по победата над Новак Ѓоковиќ. Вавринка е четвртиот носител и минатогодишен полуфиналист на Вимблдон кој ќе се обиде да ја освои првата титула на трева. Ноле е најголем фаворит на турнирот и е прв носител.
За шампионот од 2002 година Лејтон Хјуит ова ќе биде последен настап на Вимблдон откако најави пензионирање наредната година. Тој за турнирот доби валјд карта.
Колку ќе чинат јагодите со крем?
Јагодите со крем се секоја година дел од турнирот во Ол Ингланд клубот. Публиката на Вимблдон ова задоволство минатата година ги чинеше 2.50 фунти.
Дали ви е потребен чадор?
Сончевото и суво време е реткост на терените на Вимблдон. Тоа се има случено само 7 пати и тоа во: 1931, 1976, 1977, 1993, 1995, 2009 и 2010 година. Според овие податоци повеќе од потребно е да имате чадор со вас.
Дали ви треба селфи стап?
По правилата на Ол Ингланд клубот публиката која ќе носи предмети кои се забранети нема да може да ги внесат. Во тоа се вклучуваат и селфи стаповите.