Крдо бизони може да се движи со онаа брзина со која може да се движи најбавниот бизон меѓу нив, ништо побрзо од тоа, бидејќи во тој случај најбавниот би заостанал зад крдото. Кога крдото е нападнато, најслабите и најболните бизони се први на удар и обично први страдаат бидејќи се на опашката на групата. Тоа се вика природна селекција и тоа е добро за целото крдо бидејќи на тој начин крдото се ослободува од оние бизони кои го забавуваат во движењето. Значи, регуларното убивање на најслабите членови, во принцип е добро за целината, односно за целото крдо.
На горе-долу ист начин, човечкиот мозок е групација на клетки која како целина функционира онолку брзо колку што може да функционираат најбавните клетки. Сите знаеме дека претераната конзумација на алкохол уништува мозочни клетки. Заради биолошки причини, алкохолот прво ги убива најбавните и најслабите клетки во мозокот. На тој начин, континуираната конзумација на шприцер (гемишт, беванда...) ги елиминира најслабите алки во преносот на информации во мозокот, што го прави мозокот побрз и поефикасен. Затоа човек се чувствува попаметен послe само неколку шприцери.
Реакција од читател:
Пред 20 тина години студенти од ЕТФ Скопје, разработувајќи ја оваа теорија, доаѓаат и до следниот заклучок:
Како што алкохолот ги фаќа најспорите мозочни клетки и мозокот забрзува, неговата брзина расте сè додека не ја достигне брзината на светлината.
Е заради ова се формираат црни дупки.
Поздрав,
Влатко