Таг: гренд слем

Премиерот на Викторија до Новак Ѓоковиќ: „Тие титули нема да те заштитат, само вакцина за влез“

Од 17-ти до 30-ти јануари 2022-ра треба да се одигра новото издание на Австралија Опен, првиот Гренд Слем во сезоната.

Детето од угледна московска фамилија кое го скроти големиот Ѓоковиќ и освои прв Гренд Слем

За разлика од ексцентричните полетни ама зелени тенисери кои тешко го изодуваат патот до професионализмот, Данил Медведев се изборил со сите предизвици и стигна до најголемиот пехар во неговата кариера.

Татко му на Ѓоковиќ раскажа како барал чаре од лихвари за Новак да игра

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер, ретко дава интервјуа, но секогаш има да каже нешто интригантно, особено за кариерата на Новак. На далеку е познат тешкиот почеток на семејството Ѓоковиќ и за тоа од што се морале да се одрекнат и жртвуваат за Ноле да тргне по правиот професионален пат и да стане она што е денес.

Неверојатните подвизи и рекорди на Ѓоковиќ - станува ли најголем во историјата?

По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.

Кралот се врати

Во финалето на Ролан Гарос, неверојатниот Рафаел Надал во три сета убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ (6:0, 6:2 и 7:5) и го освои 20-от Гренд Слем во кариерата со што се израмни со Роџер Федерер.

Тениската шампионка која ги намали градите за да може комотно да игра

Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.

Кога Федерер добил крава на еден турнир и научил да ја молзе

Во 2003 година по првиот освоен Грен Слем на Вимблдон, Роџер Федерер имал 21 година и уште не одлучил дали да игра на помали турнири. Кога се решил, добил необичен подарок од домаќините.

Ник Кирјос - пакосен морон уште од мал

Мајка му на Ник Кирјос неодамна постирала фотографија од син ѝ на мали години и напишала: „Тој не јадеше погрешна храна, само јадеше премногу добра храна. И поради тоа што беше буцко, го маваше топчето силно и прецизно, секогаш во аголот од теренот за да не мора да трча назад“.

Надал на 16 години зборувал како не му се игра на земја

33-годишниот Рафаел Надал во неделата го освои Ролан Гарос откако го прегази Доминик Тим во финалето и по 12-ти пат го освои легендарниот земјен Гренд Слем. Тоа беше негов 18-ти пехар од најголемите турнири. Но Рафа на 16 години не сакал да игра на земјена подлога и тврди дека омилен турнир му е Вимблдон, а не Ролан Гарос.

4.00 коефицент дека некоја гола будала ќе упадне на Ролан Гарос

Стартува најпознатиот тениски Гренд слем на светот. Првпат после 2015-та се враќа Роџер Федерер, а токму Швајцарецот имаше две необични искуства на терените во Париз. И не само тој.

Циципас не го освои Австралија Опен, но го освои неговата помала сестра

И покрај големата поддршка од трибините, Гркот Стефанос Циципас загуби во полуфиналето од Рафа Надал со 0:3. Најтажна од сите беше неговата сестричка Лиза која правеше шоу во Мелбурн.

Ѓоковиќ стана прв во историјата што ги освоил сите Мастерси

Српскиот тенисер конечно по пет обиди успеа да го освои Мастерсот во Синсинати, откако со 6:4, 6:4 го совлада Роџер Федерер и направи неверојатен подвиг со кој уште повеќе ја засили дебатата кој е најголем на сите времиња.

Да не била Мирка, Федерер одамна ќе го баталел тенисот

Малкумина знаат за почетокот на кариерата на Роџер кога бил чиста спротивност на она што е денес. Кршел рекети, викал и се карал со судии, се однесувал ексцентрично. Денес е огледало на спокој и мир а за тоа е заслужна неговата жена.

Кој е малиот Зверев кој го растури Федерер во финалето

Пред осум дена Washington Post напиша повеќе редови за предводникот на плејадата талентирани млади тенисери кои полека ќе ја заменуваат старата гарда која од друга страна не го пушта стисокот врз овој спорт.

Кога и каде сè плачеше Роџер Федерер

Еден од најголемите спортисти на сите времиња е човек којшто многу емотивно ги доживува сите победи и порази, што е сосема нормално. Во кариерата плачеше од среќа, но и од тага.

Ѓоковиќ прослави победа со детето за топчиња

На Ноле му годи Париз. Покажа и вчера кога на дожд зема чадор и се шеташе по теренот, а и денес кога со едно од децата задолжени за победа ја заигра публиката. Со денешниот триумф проти Густаво Аутиста Аху (играа три дена поради дождот), Србинот се пласираше во четвртфиналето каде ќе го чека подобриот од мечот Ферер - Бердих.

Запри дожду да се игра

Отвореното првенство на Франција е немоќно секогаш кога има дожд. Ролан Гарос е единствениот Гренд Слем без покриен централен терен, а причините за тоа лежат во сложената париска бирократија и корупција. Од година во година дождот им прави мака на организаторите.

Каков беше светот кога Федерер последен пат пропушти Гренд Слем

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот Роже Федерер првпат после 1999. година кога не влезе на УС Опен откажа учество на еден Гренд Слем, овојпат на Ролан Гарос.

Сите Гренд слем титули на Ѓоковиќ

Со денешниот триумф против Енди Мареј од 3:0, Новак Ѓоковиќ стигна до 6-та Гренд слем титула на Австралија опен, вкупна 11-та во својата кариера и се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Рој Емерсон има 12, Пит Сампрас и Рафаел Надал 14, а прв е Роџер Федерер со 17. На Србинот му фали уште титула на Ролан Гарос.

После 11 години во кома, сонот е ист, да се гледа Роже Федерер

29-годишниот Шпанец како помлад собирал пари да оди на Вимблдон и да го гледа својот идол. Сообраќајната несреќа го спречила во тоа, но после 11 години во кома, верува дека ќе може да го оствари својот сон.

Големото срце на Новак Ѓоковиќ

Светскиот рекет број еден уште еднаш ги покажа своите човечки квалитети, откако се дружеше и поигра тенис со 7-годишно дете кое боледува од ретка болест. Во понеделник Ноле го почнува Вимблдон против Колшрајбер.