Надал на 16 години зборувал како не му се игра на земја
33-годишниот Рафаел Надал во неделата го освои Ролан Гарос откако го прегази Доминик Тим во финалето и по 12-ти пат го освои легендарниот земјен Гренд Слем. Тоа беше негов 18-ти пехар од најголемите турнири. Но Рафа на 16 години не сакал да игра на земјена подлога и тврди дека омилен турнир му е Вимблдон, а не Ролан Гарос.