Се сеќавате ли на деби голот на Олд Трафорд на 17 годишниот Македа?

Кој би рекол дека ќе налетаме на ваков подзаборавен лик, кој појма немаме каде е и што прави со фудбалската кариера? Денес да му било роденден на Федерико Македа кој полни 34, па по тој повод одиме со неговата мајсторија, а тоа е неговиот деби гол за Манчестер Јунајтед на само 17 години, на додавање на Гигс.

По Манчестер, италијанскиот напаѓач се прошетал уште во 12 клубови: Сампдорија, КПР, Штутгарт, Донкастер Роверс, Бирминген, Кардиф, Нотингем, Новара, Панатинаикос, Анкарагучу, АПОЕЛ и сега е во Астерас Триполис.

22 август 2025 - 12:50