Сакате да го разберете светот?

Ако во светло на распаљотката во Газа и Израел, војната во Украина, вечното клокотење на Балканот, чистката во Нагорно Карабах, комплицираноста на Сирија... сакате да сфатите кој е со кого а кој против кого и притоа најдете соговорник спремен да ви одговори на дилемите, никогаш не одете до крај. Колку и да е трпелив човекот, секогаш ќе завршите вака.

- Русите и Украинците се рокаат заради религија?
- Не, и првите и вторите се православни.
- Украинците се поддржани од Америка, а Русите од Кина...
- Така е.
- Кинезите се атеисти?
- Да.
- А Американците?
- Ебем ли га, ги има протестанти, католици, мормони... 
- А Израел?
- Што Израел?
- Што се тие?
- Евреи.
- А Палестинците?
- Палестинците се муслимани. Сунити.
- Кој ги поддржува Палестинците?
- Иран.
- И Иранците се муслимани?
- Да, ама шиити кои се против сунитите, но ако треба да бираат меѓу нив и Евреите, тогаш се со сунитите.
- А Албанците?
- Албанците се за Евреите.
- Ама, нели муслимани се?
- Да, ама тие се со Америка, а Америка е со Израел.
- Добро. Тогаш Србите од Босна се секако против Израел.
- Јок, тие се за Израел.
- Ок, ако муслиманите од Албанија се за Израел, тогаш и муслиманите од Босна се за Израел
- Јок, тие се за Палестина.
- Ок... А Хрватите од Босна, тие се во Федерација со муслиманите, и тие се за Палестина?
- Јок, Хрватите од Босна се за Израел...
- А, Србите од Србија сигурно се за Палестина која не го призна Косово и се против Израел кој го призна?
- Јок, Србите од Србија се за Израел.
- А Украинците?
- За Израел.
- Тогаш Србите се сигурно за Украина кога се и за Израел.
- Јок, за Русија се.
- Ох, ќе погодам ли нешто?
- Пробај.
- А Хрватите?
- За Израел.
- Тогаш и Хрватите се за Русија?
- За Украина.
- А Русите за Израел ли се?
- Не, Русите се за Палестина затоа што Иран е со нив, а Иран е сојузник на Русија.
- Ок, тогаш муслиманите од Босна се за Русија бидејќи иранските муслимани се со Русија, што е за Палестина, а Украина е за Израел. Така?
-Не така. Муслиманите од Босна се за Украина а против Русија затоа што Србите од Босна се за Русија.
- Веќе ништо не ми е јасно... А Турците?
- Што Турците?
- Турците се муслимани, за Палестинците се?
- Па, не баш, Палестинците ги истераа Турците од Палестина заедно со Британците, така што не се мирисаат. 
-Тогаш Палестинците се непријатели на Турците?
- Не, непријатели на Турците се Курдите.
- А што се па Курдите?
- Главно атеисти.
- Тогаш Курдите мора да се со Кинезите бидејќи и тие се атеисти.
- Ма не, Курдите се со Американците.
- Тогаш Турците се против Американците?
- Нема врска тоа, заедно се во Нато.
- Да му се невиди, што е со оние Ерменците?
- Што со нив?
- Што се тие?
- Православци.
- Со Русите?
- Не, со Американците.
- Ама нив оние Азербејџанци ги протераа од Нагорно Карабах?
- Така е.
- Тогаш Азербејџанците се за Палестинците?
- Јок, за Евреите се.
- Тогаш сигурно се и против Иран затоа што Иран е за Палестина?
- Јок, Азербејџан е со Иран.
- А оние Сиријци се муслимани?
- Се.
- Тогаш се со Турците?
- Не, се рокаат со Турците.
- Турците се контра Курдите, сигурно Сиријците се со Курдите?
- Јок, се рокаат и со нив.
- Тогаш Сиријците се за Израел?
- Каков црн Израел, Сирија е 100% со Палестина.
- Уф... а Црногорците?
- Што со нив?
- Со кого се Црногорците?
- Порано се бореа против Јапонија, ама преку Америка, сега се во сојуз со нив.
- МОЛИМ?!
- ОПАЛИМ ТЕ ГОЛИМ.

10 октомври 2023 - 10:42