- Милан Лазаревски ќе паузира три месеци по операцијата на рамото извршена во Загреб од страна на д-р Никола Чичак, соопштуваат од клубот.
- Ова претставува проблем за црвено-црните, пред стартот на новата сезона, со оглед на тоа што Лазаревски е столб и во одбраната и во нападот на тимот.
- Тој ќе ги пропушти речиси сите натпревари од групната фаза на Европската лига, каде Вардар се надева на висок пласман.
- Вардарци новата сезона ќе ја отворат со дуел во Суперкупот против Еурофарм Пелистер, против кого синоќа загубија во Охрид на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.
- Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски направи фантастичен успех и уште еднаш покажа дека е во врвна форма откако на големиот маратон во Белград заврши како второпласиран со време од 2:09:35. Дарио не постави свој личен рекорд но ова е фантастичен резултат ако се земе предвид големата конкуренција на српскиот маратон.
- Прв на Белградскиот маратон заврши Гемсиса Гада од Етиопија со рекорд на патеката од 2:08:08. Третото место го освои Кениецот Јохана Ерот кој после долго водство на патеката заостанал во последните пет километри и трката ја завршил со 02:09:55.
- Дарио Ивановски имаше одличен втор дел од трката каде од четвртото место успеа да стигне до втора позиција. Годинава белградскиот маратон кој е еден од најголемите во Европа, имаше изменета траса. Белград ќе биде и домаќин на Европското првенство во трчање во 2027-ма година, а Белградскиот маратон оваа година беше во изменет формат односно полумаратонот и трката на 10 километри се одржаа ден порано, во саботата, пред главниот настан маратонот во неделата. Оваа манифестација послужила како генерална броба пред Европското првенство.
- Ивановски е олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет.
- Фудбалскиот судија Хавиер Ортега (48) бил убиен на терен за време на аматерски натпревар одигран во Пасахе, Еквадор.
- Играчите и навивачите вриштеле и барале да се засолнат, а судијата починал на лице место.
- Вооружените лица веднаш избегале и сè уште се на слобода.
- Во декември лани, еквадорскиот репрезентативец Марио Пинеда беше убиен во пукотница, а неговата мајка ранета додека излегувала од месарница во населбата Саманес во Гвајакил. Двајца осомничени мажи беа уапсени.