Проблемите на Ролан Гарос со париската бирократија

Запри дожду да се игра

Отвореното првенство на Франција е немоќно секогаш кога има дожд. Ролан Гарос е единствениот Гренд Слем без покриен централен терен, а причините за тоа лежат во сложената париска бирократија и корупција. Од година во година дождот им прави мака на организаторите.

Во текот на изминатите години, сите останати Гренд Слем турнири добија кров над нивниот централен терен (Австралијан Опен има на сите три терени), но француската тениска федерација и натаму не реагира по тој повод.
 
Раководството на Ролан Гарос веќе десет години не може да го модернизира турнирот и остана заглибана во времето.
 
Отвореното првенство на Франција првпат се играло во 1928. година во комплексот Ролан Гарос недалеку од Булоњската шума, наречен така во чест на херојскиот пилот од Првата Светска Војна. Првите разговори околу реконструкција на кровот на централниот терен Филип Шатрие се воделе во 2004. година. До 2008-ма немало никакви конкретни решенија. Во 2009. година работата тргнала од мртва точка. Бил составен проект според кој комплексот Ролан Гарос требал да се прошиши на исток. Тоа подразбирало и изградба на нов голем подвижен покрив.
 
Паднати панели повредија неколку гледачи на Ролан Гарос во 2014-та. Стадионот како да вика „Реновирајте ме“:
 
Се предложиле зголемување на трибините на 14.600 места како и изградба на два помали терени на исток за 1.500 и 750 гледачи. Покрај тоа се планирала и инсталација на осветлување на централниот терен Шатрие. Планот набрзо наишол на отпор од страна на невладините организации кои ги бранеле оранжерите во близина на Jardin des serres d'Auteuil.

Како што подоцна прокоментира претседателот на Француската тениска федерација Жан Гашасан:
„Францускиот менталитет е таков што секој проект, културолошки или спортски ќе наиде на препреки. Не може да направиме нешто нормално. За да преместите дрво или цвет или нешто десетина метри подолу, мора да добиете дозвола која на секој чекор ќе ви ја оспоруваат. Од сам почеток знаевме за тоа, така што е важно да не изгубите трпение.“
Генералниот директор на тениската федерација, Жилбер Исерн во тоа време изјавил дека оранжерите со ефект на стаклена градина се техничка конструкција, а не историска, така што може да се отарасат. Но според последната верзија на планот се повикувало на компромис: да се остават некои оранжери и да се изградат терени меѓу нив.

Во 2011. година, француската тениска федерација гласала за тоа Ролан Гарос да се прошири, а не да се поместува и опции биле турнирот да се прошири во областа Версај, Марн-ла-Вале или било кое друго предградие. На крајот оваа варијанта била нереална, затоа што за потполно нов комплекс на кој би имало преку 50 терени би чинел милијарда долари, така што поисплатливо решение било да се борат за негово проширување.
 
Две години подоцна, во 2013-та објавени беа деталните планови. На Филип Шатрие требало да се смени кровот со потполно нов, оставајќи ја оригиналната основа - за да не се попречува одржувањето на турнирот затоа што реконструкцијата би траела во циклуси до 10 месеци.

Корт 1 и Корт 2 имале решение за реконструкција вредно 370 милиони долари. Меѓутоа сè до 2015-та Ролан Гарос не се приближил кон модернизација. Бирократските доцнења продолжуваат и уште во првата недела на турнирот лани станало јасно дека градското собрание на Париз ќе гласа против предложениот план на проширување. Советот сакал да види алтернативен проект, кој уклучува пристап на територијата каде што сега има автопат.
 
Од тениската федерација на Франција се надевале дека некој ќе помогне Париз да го добие домаќинството на Олимпијадата 2024. МОК сака да ги смали трошоците на градовите домаќини, така што предност им се дава на оние кои веќе имаат добри спортски објекти.
 
Покренатата модернизација на Ролан Гарос би била од голема помош, но за тоа е потребно време до почетокот на 2017-та. Алтернативниот проект според стручњаците нема да може да се реализира до 2024. година.

Ролан Гарос во моментов има најмал комплекс меѓу Слемовите - 8,5 хектари. Во случај на проширување на областа на 13,5 хектари комплексот повторно ќе биде најмал.

Вимблдон е на 16 хектари, а Австралијан Опен кој се наоѓа во огромниот Мелбурн парк планира наскоро да се прошири и да стане најголемиот тениски комплекс на светот.

Во Мелбурн има три подвижни покриви, на Вимблдон планираат уште подвижни покриви покрај оној на централниот терен. УС Опен ги надминал инжинерските проблеми и во 2016-та ќе добие нов кров. Ролан Гарос дефинитивно ќе биде во раце на времето до 2019-та.

Но во последните години машките финалиња се одложуваа поради дожд. Годинава Ѓоковиќ поради темнина (нема осветлување) и невреме еден меч игра три дена, така што ќе мора да го игра евентуално своето полуфинале против Мареј во петок, но веројатно ќе вложи жалба на фактот што играл три дена по ред (понеделник, вторник и среда).

Според Блумберг, организаторите на турнирот во кинескиот Вухан планираат да изградат нов терен со подвижен кров за 15.000 гледачи (180 повеќе од Шатрие).

И претставниците на Ролан Гарос го чувстуваат притисокот дека мора да обезбедат многу пари. Во прилог им оди традицијата на земја. Гасашан не крие: „Знам дека не загрозуваат некои други региони во светот на пример Азија или Катар кои имаат многу пари и сакаат да изградат големи стадиони. Но таму нема да има душа и историја - само многу пари".