Некогашниот број 1 на светот, Шкотланѓанецот Енди Мареј денес слави 32. роденден. Освои три Гренд Слема, два пати беше Олимписки шампион, освои Дејвис Куп и што уште не во кариерата. Но поради тешки болки во грбот, во јануари годинава најави дека ќе се повлекува од белиот спорт. Ќе им фали најмногу на навивачите, но и на режисерите на преносите.