Во јануари на Australian Open повредениот Николас Алмагро го предаде својот меч од првото коло после само 23 минути игра, а за учеството на турнирот добил 50.000 австралиски долари (околу 38.000 американски долари).
После мечот на прес-конференција тој се навредил на прашањето дали тенисерите излегуваат и неспремни на теренот само за да земат пари, иако така формулирано немало ништо лично во прашањето.
На крајот од краиштата многу луѓе одат на работа не од љубов кон работата.
На почетокот на минатата недела почнаа мечевите од првото коло на Вимблдон, но не го завршија седум играчи (Кирјос, Троицки, Денис Истомин, Фелисиано Лопез, Мартин Клижан, Александар Долгополов, Анастасија Потапова). За најмалку двајца од нив било извесно дека дошле во Лондон со повреда: Александар Долгополов на две недели до турнирот се движел на штаки, а Ник Кирјос на два дена до почетокот на Вимблдон ја оценил својата физичка состојба на 60 проценти.
Сите тие, а исто и хронично повредениот Дмитриј Турсунов (последната година се појавува на стартот на Гренд Слемите и зема за учество 35.000 фунти (45.000 долари). Најплатен меѓу нив во однос на времето поминато на теренот со предадени средби е Јанко Типсаревиќ (33) - неговиот дуел со Џаред Доналдс траел само 15 минути (5:0 за Џаред).
„Направив лоша работа“, призна тогаш Србинот на прашањето зошто истрчал на терен ако не бил спремен.
Кога одговарал на прашањата за заработката тој не бил како Алмагро премногу осетлив и признал дека играчите понекогаш излегуваат без никаква надеж дека ќе победат, туку само да поиграат за да земат награда за учество (Не кажа дали и самиот направил така).
При тоа Типсаревиќ изјавил и дека не гледа ништо лошо во тоа затоа што местото на главниот ждреб на така голем турнир како што е Вимблдон е многу тешко да се оствари и затоа компензацијата е достојна.
Поради сево ова се поставува прашањето дали тенисерите се преплатени?
Така на пример повредениот Фелисиано Лопез (еден од тие седуммина) ден претходно играл во пар (изгубил но заработил уште 5.000 фунти), па јавноста оправдано се прашува за чистотата на моралниот спортски дух кај тенисерите.
Тренерот на Енди Мареј, Џејми Делгадо напиша дека таквите измами се навреда за спортот.
Disgraceful how injured singles players can still be allowed to go and play doubles on same day.makes a mockery of the sport @ATPWorldTour
— jamie delgado (@DelgadoJamie) May 30, 2013
Последен што фрли масло во оганот беше непристојниот Бернард Томиќ (од Хрватски родители роден во Штутгарт) кој изјави „Резултатите мене не ме интересираат, но ќе играм уште десет години за после ништо да не работам“.
Машката тениска асоцијација (АТP) сакаше да го реши проблемот со такви фиктивни мечеви годинава и изгласа едно правило како експеримент: Играчот уште пред турнирот може да го предаде мечот во првото коло без да ја загуби наградата која што би ја земал и да игра. Таканаречниот Lucky looser којшто ќе го замени повредениот ќе заработи само поени за учество во првото коло, а хонорарот ќе му следи ако победи и оди во следно коло.
Но правилото предвидува и еден исклучок: Ова не важи за играчот кој ќе реши да предаде по трет пат во сезоната во прво коло или кој предава два пати по ред.
Според The Economist за пола година откако е изгласано правилото, количеството на откази пред да почнат турнирите двојно се зголемило, но и предадените мечеви во прво коло не се намалиле драстично.
Раководството на Вимблдон после двата откази по ред во вторникот на Централниот терен (Мартин Клижан против Ѓоковиќ и Долгополов против Роџер Федерер) предложи да не дава премии за предадени мечеви, а во спротивно да ги зголемат премиите на учесниците во првото коло кои одат понатаму.
Daily Mail пишуваше дека претставниците на британскиот „Гренд Слем“ планираат да го разгледуваат тоа прашање на заседанието следната недела. Поранешниот четврти рекет на светот Тим Хенман кој сега е во раководството на Вимблдон се согласил дека системот не е совршен:
„Играчите многу се залагаат да стигнат во главниот ждреб каде поразот во првото коло носи прилично многу пари. Но потребно е да се најде баланс.“
Пример за нерамнотежа во поделбата на “пленот“ е и Петра Мартич која што во 2014 година во првото коло на Australian Open, Ролан Гарос и Вимблдон освоила само еден гем а заработила 100.000 долари, или пак Менди Минела која што играла на Вимблдон во петти месец бременост (во сингл одиграла 53 минути а во дубл 69 минути).