- Кратко траеше втората авантура на Филип Талески во Јане Сандански, кој потврди дека си заминува по само два месеци престој во новата сезона.
- „Точно е дека заминувам од Вардар, на мое барање. Имавме состанок, раскинот е договорен, останува да го формализираме“, изјави Талески за Mkdhandball.
- Талески играше за Вардар и во периодот 2020-2023, а потоа замина во Бенфика. Овој пат наводно не бил задоволен од минутажата.
- Селекторот ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список за стартот на квалификациите за ЕП 2028 година, кое ќе се одржи во Швајцарија, Португалија и Шпанија.
- Од повиканите 18 ракометари, само двајца настапуваат во странство – голманот Томовски (Битигхајм) и левиот бек Хориха (ПИК Сегед). Останатите 16 репрезентативци доаѓаат од македонските клубови. Десет ракометари се од Алкалоид, четворица од Пелистер и двајца од Вардар.
- Првиот меч е закажан против селекцијата на Луксембург на 4 ноември (19 часот) во Скопје, додека четири дена подоцна (8 ноември), македонските ракометари ќе гостуваат кај репрезентацијата на Грција (16 часот) во Халкида.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.