Легендарниот Ендри Мареј кој пред неколку години се оперираше и на себе има вештачки колк, не се предава и игра тенис до последен атом сила. Во понеделникот вечер со Циципас одиграа меч за памтење.
Ни најголемите оптимисти не веруваа дека третиот рекет на светот Стефанос Циципас и Енди Мареј ќе одиграат неверојатен меч.
Гркот славеше во 5 сета (2:6, 7:6, 3:6, 6:3, 6:4) за 4 часа и 49 минути, ама дуелот го одбележа една епизода која го збесна Шкотланѓанецот.
Долгите паузи за да оди во тоалет кој Циципас ги зема меѓу сетовите се една од главните тениски теми во последните недели. Еднаш Александар Зверев отворено го обвини за итроштина и измама со долгите паузи.
Синоќа прво пред стартот на четвртиот сет побара медицинска интервенција, а пред почетокот на петтиот решавачки сет, Гркот пак реши да тргне во тоалет.
За да никој не помисли дека на овој начин разговара со татко му Апостолос кој воедно му е и тренер (ова допишување е познато како коучинг и е забрането), ни дека оди да се пресоблекува, Циципас не ја понесе цела торба со себе туку само од едно ранче извади потребни работи.
Го немаше цели осум минути и Енди Мареј со право збесна и нервозно реагираше.
„Како судија што мислиш да правиш за ова? Што мислиш? Според тебе нормално е?“ викаше Шкотланѓанецот па му се сврте на супервајзерот: „Веќе трет пат прави пауза дали тоалетна дали медицинска. И двајцата знаеме дека ова е срамно. Никогаш не сум се задржал толку долго во тоалет“
"It has never once taken me that long to go to the toilet, ever!" #andymurraypic.twitter.com/JiJJoUaipL
— Tennis GIFs 🎾🎥 (@tennis_gifs) August 31, 2021
No. 3 Stefanos Tsitsipas defeats Andy Murray in five sets 🎾
— ESPN (@espn) August 30, 2021
Tsitsipas and #USOpen fans applauded and cheered for Murray after the nearly five-hour match 👏 pic.twitter.com/i2FLkx7Hw5
#3 Stefanos Tsitsipas survives a 4h50 epic battle against former #1 and 2012 champion Andy Murray 2-6, 7-6(7), 3-6, 6-3, 6-4 to reach the 2nd round at the #USOpen.
— José Morgado (@josemorgado) August 30, 2021
But Andy isn't done, indeed.
[getty] pic.twitter.com/fBTLKVfkCt