Сем Квереј

Од риалити шоу до полуфинале на Вимблдон

Американецот Сем Квереј втора година по ред го елиминира светскиот рекет број еден од Вимблдон. Лани Ѓоковиќ сега Мареј и првпат во кариерата ќе игра во едно полуфинале на Гренд Слем.

На Вимблдон 2016 Квереј ја направи најголемата сензација кога во третото коло го совлада неприкосновениот сопственик на сите „Гренд Слем“ трофеи во сезоната, Новак Ѓоковиќ. Тој пораз значеше и драстичен пад за Србинот, а Квереј на тој турнир стигна до четвртфиналето.

Сезонава високиот Американец го повтори подвигот и во пет сета (3:6, 6:4, 6:7, 6:1, 6:1) го победи бранителот на титулата Енди Мареј. После оваа победа Квереј првпат во кариерата влегува во полуфинале на Гренд Слем. Освен тоа Сем, којшто е 28. рекет на светот стана најниско рангираниот полуфиналист на „Гренд Слем“ од 2009. година кога Томи Хаас (34) стигна во Топ4 на Вимблдон.

ГЛУПАВА ПОВРЕДА

Во 2009 година кариерата на Квереј за малку ќе завршела откако на еден турнир во Бангкок седнал на стаклен стол кој не го додржал и Американецот сериозно се испосекол од скршено стакло.

„Наеднаш просто паднав. Кога станав на нозе видов стакло во рацете и крв прскаше на сите страни. Се стрчав кај тренерот после што дојде доктор и со кола ме однесоа во болница. Верувате ли дека понервозен бе кога после неколку недели ги извадив завоите и конците од рацете и видов се. Ако го мрднев зглобот ме болеше целата рака“, се сеќава страшниот сервер од САД.

Но дури и во тој момент поради кој ја завршил сезоната прерано, Квереј нашол позитивни момменти - во време на опоравок примил писмо со сочуство од Федерер.

„Тоа беше неверојатно. Бев многу среен. Цел ден ден го препрочитував“.

Во Лондон Квереј стигна во друштво на моделката Еби Диксон со која се запознал пред две години. Но во неговиот приватен живот не било така совршено.

Во 2015 година веселиот Американец бил главна вест на цел жолт печат затоа што во потрага по девојка се пријавил да учествува во ријалити-шоуто The Millionaire Matchmaker каде се закажуваат средби (“дејтови“) меѓу милионери.

Ако земеме во предвид дека во 2013 година му се растурила веридбата со тогашната девојка овој факт со ријалити шоуто не изгледа помалку смешен.

Ова шоу има и информативен дел па така Квереј раскажал неколку интересни и смешни детали за себе:

- Никогаш не запознал девојка која игра тенис;
- Пожелно е девојката да носи високи штикли и да сака долги прошетки;
- Вљубен бил само два пати;
- Ги сака Лондон и Париз;
- По средбата ќе ја провози девојката со кола;

Во почетокот му нашле девојка но според зборовите на Квереј по снимањето тие двајца веќе не се виделе. „Не треба да ве чуди тоа, во преносот беше многу несигурен во себе“, се пошегувал неговата сонародничка и пријателка, тенисерката Медисон Киз.

ЕДНАШ УДРИЛ 10 АСА ПО РЕД

Сем Квереј е сопственик на неколку интересни рекорди од кој главен е оној од 2007 година кога против Џејмс Блејк во Индијанаполис освоил 10 поени со ас удар на свој сервис. Тоа е рекорд во историјата на машкиот тенис.

Освен тоа Квереј во 2009 година сервирал топче со брзина од 227км/ч. Во 2013 година тој рекорд го сруши Јиржи Весели со 230 км/ч а во 2015 апсолутен рекордер стана Сем Грот со 237 км/ч.

ТЕНИС ПРЕД ШКОЛОТО

Во 2006 година Универзитетот Јужна Калифорнија му понудил на Квереј школување ако настапува за универзитетската тениска екипа, но Американецот претпочитал да стане професионален тенисер. Имал поддршка и од татко му кој во свое време се откажал од бејзбол кариерата за да оди на Универзитет.

„Тоа беше едно од најтешките одлуки во мојот живот. Кога победував сакав да станам професионалец, кога губев мислев дека е подобро да одам да учам“, раскажува Квереј за својата рана младост.

ИМА ГРУПА ВЕРНИ ПОДДРЖУВАЧИ

Квереј има мала но верна навивачка група која што се вика Самураи. Тие се другари од неговиот роден град и школски другари. Оваа група е мошна активна а еднаш Томи Хас ги викнал на пиво после мечот со Квереј.

ГО ИЗБРИШАЛ ТВИТЕР АКАУНТОТ ПОРАДИ КРИТИКИ

Во 2010 година Квереј загубил од Роби Џинепри во првото коло од Ролан Гарос и после тоа имал мошне чудна прес-конференција.

Им рекол на новинарите дека не бил расположен, бил уморен и дека планира да го откаже учеството во двојки со Џон Изнер за да си оди дома што поскоро. Како резултат на тоа му се пуштила цела Твитер и Фејсбук заедница во САД и тој решил да ги деактивира профилите. Така што кога ќе видите Сем Квереј профил на Твите да знаете дека е лажен.

ЧУДЕН ИГРАЧ

Меѓу тенисерите Американецот важел за необичен и чуден играч. Например, кога повел 2:0 во сетови против Ѓоковиќ и мечот бил прекинат, репрезентативецот на САД Џон Инзер рекол: „Ситуацијата е тешка но Сем ќе игра до крај. Тој е ексцентричен, чуден лик. Мислам дека нема да се капе после мечот и ќе си шета безгрижно“.

Колку е талентиран, Квереј бил толку и слаб карактер па често губи добиени натпревари.

Еднаш ја опишал својата цел: „Би сакал да влезам во Топ-10. Сакам да го поминам четвртфиналето на Гренд Слем и да освојам Дејвис Куп. Ако не се случи тоа, ќе работам упорно и напорно и ќе направам се што можам, ако не успеам нема да жалам премногу“. Дејвис Купот уште не го освоил, но затоа на Гренд Слем направи голем чекор.