Пред контекстот и боговите молчат:

Монодрамата на Цеца

Со темата на песната „Дидуле“ на Цеца се заебаваа дури и некои нејзини најпопалени фанови. Но смени го контекстот, преработи ги истите тие зборови во поинаква емоција, интерпретирај ги во нецецин свет и - одма друго е.

Поука за сите оние што мислат дека нешто по дифолт е сељачко, што главно е одраз на мрза, инерција и тупост, а носителите на таквите стереотипи (кои обожаваат да се мислат за бранители на вистинските вредности) - од искуство - се едни од најдосадните и најзаморни луѓе што можете да ги најдете.

Како звучи тоа кај Цеца:

Како истото тоа звучи кај Диња:



Поигрувањето со контексти секад ни било занимљиво. Една стара колумна на он.нет се занимаваше со Струшките вечери на поезија. И во неа, меѓу стихови на „вистинските“ поети, уфрлувавме делови од песни на Џеј. Немате претстава како мазно помина тоj текст.

На истата тема:

Аца Лукас е една од ретките преостанати појави што не се обидуваат да бидат нешто што не се. А кога веќе се фаќам за споредби на „урбанлукот“ на Белград и Берлин ќе додадам, па што ми даде Господ, дека Аца Лукас е поградски, побелградски и поурбан од сето она што тука како такво се претставува. Или, во најмала рака, и тој е она што го прави еден град она што е, и тоа не кој било град туку Белград, и дека е едно од неговите поавтентични лица.
повеќе

5 декември 2016 - 14:03