За многумина најголемиот на сите времиња, Роџер Федерер на убедлив начин го победи Марин Чилиќ во финалето на престижниот Вимблдон каде стигна после неколку маестрални потези. Уживајте.
Роџер Федерер со право го носи епитетот Кралот на Вимблдон затоа што попладнево по осми пат во кариерата славеше на лондонскиот Гренд Слем, против Марин Чилиќ 3:0 во сетови 6:3, 6:1, 6:4.
Одличниот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се обиде да го спречи Роџер Федерер да стигне до рекордната осма титула на Вимблдон и воедно да го освои својот втор Гренд Слем во кариерата. За неговата кариера најголеми заслуги има легендарниот Иванишевиќ.
Американецот Сем Квереј втора година по ред го елиминира светскиот рекет број еден од Вимблдон. Лани Ѓоковиќ сега Мареј и првпат во кариерата ќе игра во едно полуфинале на Гренд Слем.
Иако е дел од витешката традиција на Вимблдон поразениот да го чека победникот заедно да излезат, ретко кој од тенисерите се држи до оваа пракса па нервозно ги собира парталите и заминува во соблекувалните. Не и Надал.
Првото изненадување на турнирот и тоа најголемо го направи ветеранот од Луксембург кој го совлада Рафа Надал во пет сета. Нивниот меч кој траеше 4 и пол часа го донесе и најатрактивниот поен.