Вимблдон има традиција стара 130 години. Првиот турнир на ова тло се одиграл во далечната 1887. година а името на златниот пехар кој се доделува на шампионот е ’Едноракиот светски шампион на сеанглискиот клуб на трева’.
Во самиот почеток, пред повеќе од 130 години не постоел дворакиот бекхенд туку тој удар тогаш се изведувал само со една рака - како што денес препознатливо играат големиот Федерер, Стан Вавринка, Ришар Гаске и други.
Но еден од најважните и најдрагоцени трофеи во историјата на спортот не е целосно од злато туку сребро коешто е позлатено.
За целата традиција на најголемиот меѓу Гренд Слемовите пишувавме тука, а тој иако е препознатлив како турнир на јагоди со шлаг, еден детал посебно го прави единствен.
На врвот од пехарот стои ананас а тоа не е сосема случајно затоа што во XVII век ова овошје било скапоцена роба (многу повеќе одошто е денес), а пред се затоа што на англиска земја го немало.
Ананасот во тоа време (а богами и денес) претставувал симбол на значајно богатство и на трпезите го служеле само богатите домаќинства за време на големите празници.
Од таа причина во ХIХ век во Викторијанска Британија се појавуваат и првите одгледувачници на ананас каде ова овошје се одгледувало користејќи топлина од 30 тони коњско ѓубриво. Необично е што некои од овие одгледувачници постојат и ден денес. Како симбол на изобилство и богатство ананасот во тој период е појавува и како мотив во сликарството ширум Европа.
Од таа причина, со цел да ја истакнат важноста и драгоценоста на пехарот, организаторите се решиле на неговиот врв да ја стават оваа скапа овошка.
Неа најмногу ќе и се израдува победникот кој ќе го дознаеме на 16. јули. Покрај пехарот, шампионот ќе добие 2 милиони и 200.000 фунти и 2.000 поени. Но што е најважно ќе влезе на листата на вечните шампиони.