Ананасот не е само украсче на пинаколади и егзотична состојка во овошните салати. Неговото некогашно место помеѓу овошките во европската култура може да се споредува со кралско. Во Британија во 17 век примероци од него се изнајмувале, за аристократите да можат да се фалат дека го имаат на своите трпези.