Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 150 гр. маргарин
- 130 гр. шеќер
- ½ лажичка цимет
- ½ лажичка прашок за пециво
- 100 гр. брашно
- 2 јајца
- 3 лажици какао
- 230 гр. ананас од конзерва
- 130 гр. слатка павлака
- 1 лажица шеќер во прав
- рендано чоколадо за декорација
Подготовка
Намачкајте го со масло тавчето за торта и обложете го со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во поголем сад измешајте ги циметот, шеќерот, прашокот за пециво, јајцата и маргаринот. Додадете ги брашното и какаото и изматете ги со миксер додека да добиете рамномерна смеса.
Истурете ја смесата за тестото во подготвеното тавче и печете го 25 минути. Потоа извадете го од рерна и оставете го да се лади.
Во еден сад исецкајте ги парчињата ананас. Додадете слатка павлака и шеќер во прав и добро промешајте. Вака подготвениот крем додадете го врз какао тортата.
Исечете ја тортата на коцки и послужете ја декорирана со рендано чоколадо.
На здравје!