Додека бил на гости, претседателот Гвидни Јоуханесон, и самиот поранешен професор по историја, разговарал учениците и професорите од школото, и кој што оценка има по исландска историја.
Кога почнуваат прашањата за претседателот, меѓу кои и за кој клуб навива во англиското фудбалско првенство (Манчестер Јунајтед), некој од учениците прашува и за неговото мислење за ананасот како додаток на пица.
Одговорот на Јоуханесон е дека не само што "фундаментално е против ананас на пица" туку и кога би имал таква моќ и со закон би го забранил тоа.
Изјавата почна доволно да се шири на Фејсбук, за во вторникот на официјалната Фејсбук страна на исландскиот претседател, на англиски и исландски, да биде напишано дообјаснување на неговата позиција дека нему генерално му се допаѓа ананас, ама не и на пица, и дека не може да им каже на другите што да ставаат во пица.
"Немам моќ да воведам закони кои ќе им забранат на луѓето да ставаат ананас на нивните пици. И мило ми е што не располагам со таква моќ.
Претседателите не треба да имаат неограничена моќ. Не би сакал да ја имам оваа позиција ако можам да носам закони кои ќе забрануваат нешто што мене не ми се допаѓа. Не би сакал да живеам во таква држава. За пици препорачувам морска храна," пишува Јоуханесон на Фејсбук.
Исландскиот претседател моментално има рејтинг од 97%.