Норвешки Молде и германски Хофенхајм синоќа во Виљареал (поради строги мерки во Германија со задолжителен карантин мечот се пренасочи во Шпанија), одиграа фантастичен дуел со дури 6 гола (3:3). Во еден момент некој и нарачал достава на пица, а дечкото што ја донел нарачката беше збунет.
Во 2011-та дечко прави он-лајн нарачка за пица во Доминос, која според негова проценка го чини разумни 917 илјади долари. Нарачката во оригинална сума е неполни 18 долари, меѓутоа тој како показна вежба решава да ја плати во биткоин, па по тогашен курс му излегува 19,12 биткоини. Пред некој ден криптовалутата ја мина границата од 48.000 долари за биткоин.
Во услови кога нема фудбал, доста добро работи креативноста кај навивачите. Интеристите имаат свое пиво, а Јувентините пица. Тие две работи одат заедно, така што спојте се. Добро де, барем еднаш на пица и пиво.
Целата логика се базира на тоа дека наутро сирење, салца, вода, сол, зејтин брашно и квасец , се поздрави отколку кутија житарки преполни со шеќер. Ако тие ти се единствените два избора што ги имаш на располагање.
Дали е градинар, дали е водоводџија, чистач на базени, или испорачува пица, заедничко за сите е што има минимална плата и максимум секс на работно место, барем според архетипот врз кој е изградено порното.
Американските пицерии ќе мора да стават знаци со нуртиционистичкиот состав на секоја варијација на своите производи. Да е кебапчилница би било лесно. Едно кебапче толку и толку, сè друго се множи со 10 (оние кои не нарачуваат округли бројки кебапи се психопати). Овде проблем е што пицата може да има околу 34 милиони комбинации.
Исландскиот претседател си допушти да се нашали на сметка на помодарството околу храната па рече најави би забранил да се става ананас на пица. Го стегнаа и ене го, се објаснува.
Прв ден на работа, како пица мајстор. Ги служи гостите и нормално муабети со нив и ништо не би било необично да не е во прашање еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата.
Иако во интерни кругови се шири муабетот дека од понеделник веќе никој никогаш нема да јаде, искусните аналитичари уште од сега со голема веројатност предвидуваат дека ова ветување ќе пропадне како и 78-те слични на него кои беа дадени минатата година. А како да не пропадне кога некој треба го проба рецептов за пица-тост-вафла-сендвич.
Таман ќе се помириш со сите можни причини заради кои јадеш како да ти е последно, и фините научници ќе најдат ново алиби за твојата прождерливост - мажите се прејадуваат за да ги импресионираат жените.
Две пицерии, двете во Њујорк, двете со различен бизнис план, а и генерално став кон животот. Ако се фатите за техникалии (да овие ја продаваат на парче 1 долар, овие цела за 1.000), комплетно ја утнавте поентата.
Главен предуслов за да почнеш да се занимаваш со вртење пици е сериозно да ги мразиш пиците. Инаку, не е можно никој од овие ликови, никогаш да не е дебел.