Прашањето што ги "мачи" луѓето од Мел магазин (во период кога вестите се на бандаж) е што е тоа кај овие професии и работници што толку се привлечни за порно наративот. Разговараат со 5 ликови: 2 порно ѕвезди, женска (Кајден Крос) и машка (Рајан Дрилер); порно режисерот и сценаристот Иван; социологот Шантел Тибалс; и дечко што разнесува пица.
Објаснувањето на Кајден Крос е дека секојдневните човечки интеракции најчесто вклучуваат луѓе од услужната дејност, а од нив најверојатно е да останеш на само со оние што ти доаѓаат дома - односно водоводџија, градинар или испорака на пица / храна.
"Факторот ниска плата се однесува на нешто сосема друго. Порнографите одамна имаат сфатено дека гледачот ("гледачот") сака да верува дека некој рандом лик може неочекувано да има нешто со некоја убава жена. Тој често се замислува како е на место на глумецот. Од овие причини, ликот не би требало да е некој што е тешко достижен како што е жената. Не мора да биде ниту посебно убав, успешен или мудар. Во оваа ситуација, работата е завршена со тоа што тие двајца се сами во просторија, а таа е незапирливо привлечена кон него," објаснува порно ѕвездата Кајден Крос.
За Иван објаснувањето е комбинација на негови фантазии од детството и лесно завршена работа. Првото му се сеќавањата од филмот Приватни лекции (од 1981) во која дете е во када со чистачката. За второто, имајќи предвид буџет и време за снимање, многу е полесно да ја организираш целата сцена кога ти треба само една униформа (а може да мине и без тоа) за разнесувач на пици и една кутија со пица.
Според др. Шантел Тибалс, заблуда е дека разнесувачот на пица е најприсутното клише во порнографијата, меѓутоа признава дека го има и дека е прилично лесен и брз начин да се постави сцената, ако не сакаш да губиш време на сценарио (а најчесто не сакаш).
И Рајан Дрилер е на иста фреквенција со Тибалс, објаснувајќи дека од 10 години во порно бизнисот и над 800 сцени, тој само 3 пати е чистач на базени, еднаш е градинар и ниту еднаш не е водоводџија.
Единствениот со реално искуство на темава, поранешниот разнесувач на пици и хаузмајстор, Стив, од цела негова кариера издвојува две ситуации. Во првата флертува со девојка на која и однел пица. Бидејќи веќе и го има бројот, разменуваат 3 пораки, од кои последната е негова "имаш ли дечко?" на што не добива одговор.
Во втората испорачува пица на женска забава, една од девојките му дава број и го кани да дојде после работа. Тој се враќа после работа на забавата и вечерта има секс со девојката, "не е баш двајца странци кои се среќаваат на врата и веднаш стартуваат, ама е прилично блиску".
Омилена порно тема на Стив? Агенти на недвижности кои покажуваат или прегледуваат куќи.