До сега има прилично солиден број научни студии кои обрнуваат внимание на женските навики околу јадењето и како општеството во кое живеат влијае на нив. Од Корнел Универзитетот решаваат да откријат како ова оди кај мажите.
За потребите тие запоседнуваат "колку можеш да изедеш" пицерија, и во неа воајерски ги следат гостите и им мерат колку јадат, а потоа на страна премеруваат колку храна оставиле.
Резултатите се дека кај мажите "колку можеш да изедеш" е многу повеќе кога јадат пред жени, отколку кога јадат во чисто машко друштво. Многу, многу, повеќе. Разликата била 93% повеќе пица, и 86% повеќе салата.
Заклучокот на студијата е дека мажјаците ова го прават за да се покажат пред женките, и да ги импресионираат.
Што е тука импресивно?
Во основа се сведува на тоа дека (потсвесно) тие сакаат да покажат дека се доволно здрави за да прават нездрави работи.
"Неодамнешните студии покажаа дека способноста да јадеш лута храна може да биде начин за луѓето да се покажат, бидејќи тоа сигнализира повисока толеранција кон нешто што другите го сметаат за болно. Новото истражување го анализира прашањето дали прејадувањето може да функционира како сличен вид на сигнал дека некој човек е доволно здрав за да се однесува нездраво, и на крај пак да е ок," објаснува Кевин Книфин, првиот човек на студијата.
Што се однесува до жените, тие пицеријата и капацитетот за прождерливост не го сметаат како поле за натпревар за мажјаци, па и во машко и во чисто женско друштво јадат генерално иста количина.