Таман ќе се помириш со сите можни причини заради кои јадеш како да ти е последно, и фините научници ќе најдат ново алиби за твојата прождерливост - мажите се прејадуваат за да ги импресионираат жените.
Во натпревар кој не изгледаше дека воопшто се води, Западот успеа да ја победи Африка и сега наспроти целата иронија на ситуацијата и официјално прејадувањето прерасна во поголем светски проблем отколку гладот.