Во извештајот Глобален товар на болестите - едно од најголемите истражувања во кое се вклучени речиси 500 научници од 50 држави - се наведува дека за прв пат во историјата дебелината станала поголем проблем за човештвото отколку недостатокот на храна.
Во 1990-та гладот бил број еден на листата, додека високиот БМИ бил на 10-то место. На последниот извештај, БМИ е искачен на 6-то место, додека гладот е паднат на 8-мо.
Дебелината го качува крвниот притисок и може да предизвика срцев удар или заболувања. Само овие две болести се одговорни за една четвртина од смртните случаи во светот.
Во позитивниот дел од извештајот се заклучува дека конечно сме нашле начин како да се справиме со некои од најчестите заразни болести и со тоа сме успеале да спасиме милиони деца од предвремена смрт.