На почетокот на месецов, компанијата призна дека бележи пад во дневната посетеност, особено меѓу младите. Со други зборови, тие се тука, но не толку интензивно како порано.
Тивкиот егзодус на тинејџерите се должи на популарноста на Фејсбук, во чии 1,2 милијарди корисници има многумина со кои "пионерите" на социјалното вмрежување не сакаат да ги делат деталите од својот живот. Губејќи го овој драгоцен сегмент, Фејсбук ја плаќа цената на својата транс- генерациска популарност.
Младите главно одат кон одат WhatsApp, WeChat и KakaoTalk, платформи на кои младите се чувствуваат безбедни од критичниот поглед на нивните родители.
Спомнатите сервиси, особено WhatsApp се веќе огромни играчи од кои последниве години сериозно крварат мобилните оператори. Се проценува дека само во 2012-та тие операторите изгубиле 23 милијарди долари заради ваквите бесплатни сервиси за смс и чет.
WhatsApp има 350 милиони активни месечни корисници, повеќе од миленикот на медиумите Твитер кој брои 218 милиони.
90 проценти од популацијата на Бразил, три четвртини Руси, половина Британци користат вакви сервиси за пораки. Во Шпанија, само WhatsApp го има на 95 проценти од смартфоните.
Наместо пасивно манијачење какво што доминира на Фејсбук,, овие сервиси промовираат динамична конверзација со вистински познаници и пријатели, надвор од погледот на родителите.
"Не сакам цел свет да знае што правам," гласи еден класичен одговор на млад човек на прашањето зошто ФБ не е веќе омилен на луѓе од таа возраст.
78 проценти од тинејџерите веќе не го користат ФБ за договарање средби со пријатели. Како друга причина за популарноста на ваквите канали на комуникација се масовно обожаваните селфи фотки (кога човек се слика сам со телефон) кои не можат да бидат споделени на ФБ без товарот на дежурните дрвачи и критизери.