Пица на копче

Веројатно најголемата иновација на тема пица во последниве 20 години доаѓа од комплетно не пица место - Дубаи.

Пицеријата Red Tomato Pizza, во Дубаи воведе експериментален начин на нарачување пици преку магнет за фрижидер.

Како клиент добивате VIP (Very Important Pizza) магнет за фрижидер, кој преку блутут се поврзува со вашиот смартфон. Преку него ја избирате омилена пица и информацијата ја испраќате до Red Tomato Pizza.

Потоа се што правите е го притискате копчето на магнетот за фрижидер и Ред Томато ви ја испорачува пицата до врата. Доколку сакате некој поинаков "модел" на пица, ги менувате вашите преференции преку интернет.

 

 

28 март 2012 - 10:44