За еден месец ќе стапи на сила уште еден задоцнет подарок од администрацијата на Обама и неговиот амбициозен Affordable Care Act. Новата федерална уредба предвидува сите пицерии кои имаат над 20 продажни места да стават знаци со калориски и прехрамбени вредности на сите варијации на она што го продаваат.
Направивме математика. Вакво брашно, онакво брашно, безглутенски пици, комбинации на доматни сосови, комбинации на кашкавали, комбинации на додатоци.... Испаѓа дека пица може да се направи во 34 милиони комбинации“, вели човек од Доминос пица кој воедно е и претседател на еснафското здружение.
Пресметале дека почитувањето на новата уредба ќе чини меѓу 3 и 5.000 долари по ресторан што не е мала сума ако се има предвид дека американска пицерија упросечено работи за профит од 50-тина илјади долари годишно па ова би им зело 10% од добивката.
Франшизираните пицерии како Доминос на своите веб сајтови веќе имаат згодни калкулатори со кои човек може да пресмета што јаде и колку калории ќе внесе со некоја нарачка. Нормално, тоа речиси никој не го користи, особено што тие здравите не се многу по пицата па да за задлабочуваат во нејзините детали.
Се работи за федерална уредба што значи дека нејзино прекршување не носи прекршочна туку кривична одговорност. Оттука, некој пиц мајстор кој решил врз пицата да фрли уште една шака кашкавал, би можел да заглави и до една година затвор.
****