Арон Колинс на свои 30 години тешко заболел и знаел дека му се ближи крајот. Тој, според зборовите на многумина, бил фин дечко, кој „уживал во неочекуваните гестови на љубезност". Пред да умре, на 7. јули, им ја кажал неговата последна желба на братот, сестрата и родителите: „Оставете супер бакшиш, и притоа не мислам 25%. Мислам на 500 долари за е*ена пица, на келнер или келнерка".
Она што тој не го оставил, биле многу пари, со кои би можеле да се израдуваат повеќе келнери. Затоа семејството направило блог, „Желбата на Арон" и Фејсбук страница, на кои повикале луѓето да помогнат во остварувањето на оваа негова желба.
Три недели подоцна, биле собрани 50.000 долари, и тројца келнери биле изненадени со по 500. Секоја донација се документира со видеа - еве го второто од серијата, во која среќниот добитник е келнерката Челси Пауел.
Целта е вака да се продолжи секоја недела, додека има пари и пристигнуваат донации. Адресата на блогот е рачно напишана на секоја доделена банкнота.