Учесниците во студија во која се анкетирани 15.000 луѓе од неколку повеќе држави, потврдиле дека дома може да им биде испорачан грам кокаин за 30 минути или помалку. Два пати повеќе испитаници изразиле увереност дека испораката на кокаин ќе стигне во гарантираниот половина час, во споредба со испораката на пица.
Дури и кога било тргнато на страна ограничувањето од половина час, испитаниците од најголемиот дел од земјите изјавиле дека кокаинот бил повеќе од достапен за испорака во истиот ден.
Во Шкотска, која во извештајот е прва по консумација на кокаин, 90% од испитаниците изјавиле дека кокаинот им бил испорачан на денот на нарачката, а 37% изјавиле дека добиле испорака во рок од 30 минути.
Успешноста на испорака во ист ден била пријавена од испитаниците на Британија, Холандија, Данска, Бразил, Словачка, Унгарија, Канада, Полска, Франција и Чешка.
Со 44,9% највисока стапка на испораки од 30 минути има Бразил. Глобалниот просек е 30,3%.