Содржината прави разлика и во корисноста на двата оброка, па самото тоа што парче пица има многу повеќе масти и многу помалку шеќер отколку најголемиот дел од пакуваните житарки, значи и дека шеќерот нема да ти падне кратко по појадокот. Освен тоа парче пица содржи и повеќе протеин отколку зашеќерените житарки, што значи дека те заситува на подолго време и дека најверојатно нема да бараш нешто за грицкање меѓу оброци.
Нормално пицата победува само во споредбата на двете утрински зла ако човек за појадок мора да бира меѓу житарки или пица (обично вчерашна). Во случај да сака да направи нешто вистински здраво тогаш препораката од нутриционистите е комбинација како кисело млеко со овесни снегулки и цимет.
Заради сеопфатноста на терминот житарки, појаснувањето е дека на отстрел на нутриционистите се само оние кои во себе содржат додаден шеќер, пченкарен сируп или сличен засладувач. Вон оваа група остануваат клот овес, ’рж и слично, дополнети со семки или јаткасти плодови.