Алкохолен десерт

Ананас глазиран со текила

Рецепт за глазиран ананас со прелив од бело чоколадо.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 100 гр. бело чоколадо
  • 300 мл. хопла
  • 1/2 лажичка ванила
  • 1/4 лажичка цимет
  • 60 гр. путер
  • 1 ананас исецкан на тркалца
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 125 мл. текила

Подготовка

Растопете го чоколадото во тенџере на слаб оган со постојано мешање. Потоа оставете го на страна за малку да се излади.
Со миксер изматете ја хоплата за да добиете крем. Во неа додадете го чоколадото, ванила и цимет и добро измешајте ги.

Загрејте една третина од путерот во голема тава на среден оган. Додадете ги во тавата една третина од парчињата ананас и една третина од шеќерот. Гответе ги по 3 минути на секоја страна додека да добијат златна боја.

Потоа додадете една третина од текилата и зовријте ги. Гответе ги 1 минута додека да се згусне смесата. Префрлете ги парчињата ананас во чинија и покријте ги за да останат топли. Повторете ја постапката уште два пати со остатокот од ананасот.

Послужете ги парчињата ананас во чинија декорирани со чоколадниот крем. На здравје!

30 јануари 2013 - 07:00