Овошен десерт

Панакота од манго

Вкусен и лесен овошен десерт.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
55 мин.

Вкупно време:
1 ч. 15 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 2 парчиња манго, излупени и исецкани
  • 800 мл. хопла
  • 200 гр. кокос
  • 70 гр. шеќер во прав
  • 2 лажици врела вода
  • 1 лажица желатин

Прелив

  • 200 гр. ананас излупен и ситно сецкан
  • 1 манго ситно сецкано
  • 1 лажица сок од лимета
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 3 лажици ситно сецкано свежо нане

Подготовка

Ставете го мангото во блендер и мешајте го додека да добиете мазна смеса. Ставете ги хоплата, кокосот и шеќерот во тенџере и гответе го на среден оган 2-3 минути.
Во сад измешајте го желатинот со врела вода додека да се раствори. Додадете го пирето од манго во смесата од хопла. Додадете го желатинот и добро измешајте. Истурете ја смесата во 6 калапи и ставете ги во фрижидер 4-6 часови.
За да го подготвите преливот измешајте ги во еден сад ананасот со манго, сок од лимета, шеќер во прав и нане.
Сервирајте ги панакотите превртени на чинија и декорирани со овошниот сос.

13 февруари 2013 - 07:00