Млеко, масло, вода, во таблети - кокосот го има каде и да се свртиш, и сите те убедуваат дека тој е добар за здравјето. Еден човек во својата опседнатост со овој плод отишол малку подалеку, цели 17 години јадејќи само кокосови ореви. Неговата судбина е опишана во роман, кој оваа година беше преведен на англиски.