Чорби

Чорба од ракчиња

Кари чорба со компири и ракчиња.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица масло
  • 1 главица кромид, сецкан
  • 1 луто пиперче, исецкано
  • 2 лажички кари
  • 6 средни компири, исечени на мали коцки
  • 400мл. кокосово млеко од конзерва
  • 400гр. ракчиња
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица сок од лимета
  • ливчиња босилек и кориандер за декорација

Подготовка

Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Пржете го кромидот 2-3 минути со постојано мешање додека да омекне. Додадете го лукот и лутото пиперче и гответе една минута. Потоа додадете кари и гответе ја смесата со мешање 1-2 минути. Во тавата додадете ги компирите, кокосово млеко и 400мл вода. Кога чорбата ќе зоврие намалете ја јачината и гответе ја околу 15 минути додека да омекнат компирите.
Во чорбата додадете ги ракчињата и гответе ја 4-5 минути. На крај додадете соја сос и сок од лимета.Промешајте во чорбата свежи ливчиња босилек и кориандер.
Послужете ја чорбата веднаш. Предлагаме бел ориз како прилог.
На здравје!

29 јуни 2013 - 01:43