Пудинзи

Кокосов пудинг

Пудинг од кокос и манго.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 400мл. кокосово млеко
  • 125мл. хопла
  • 5 јајца
  • 70гр. кафеав шеќер
  • 2 лажици кафеав шеќер (дополнително)
  • 55гр. шеќер во прав
  • 1 манго, излупено и ситно исецкано
  • 1 лажичка рендана кора од лимета

Подготовка

Измешајте во длабок сад кокосово млеко, хопла, јајца, 70гр. кафеав шеќер и шеќер во прав. Матете ја смесата со жица за матење додека да се соединат сите состојки.
Поделете ја кремастата смеса во 6 мали огноотпорни садови.
Зовријте вода во големо тенџере на рингла на силен оган. Врз тенџерето поставете друг сад, но внимавајте дното да не ја допира водата. Во овој сад поставете ги садовите со кремот. Покријте ги садовите со големо парче хартија за печење.
Варете го пудингот на пареа 15 минути. Потоа оставете го на страна да се лади.
Во еден сад измешајте го ситно сецканото манго, кората од лимета и 2 лажици кафеав шеќер. Мешајте додека да се растопи шеќерот.
Послужете го пудингот од кокос со по една лажица од смесата од манго.
*кокосовото млеко го има во сите поголеми супермаркети.
*место манго можете да користите и друго овошје по желба

25 октомври 2013 - 11:21