Торти

Кокосова торта

Вкусен рецепт за торта од кокос, чоколадо и ванила.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1ч. 15 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 190гр. путер, омекнат
  • 220гр. шеќер во прав
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 3 јајца
  • 350гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 250мл. млеко
  • 220гр. чоколадо за готвење
  • 250мл. хопла
  • 200гр. кокос

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло правоаголно тавче за печење и обложете го со хартија за печење. Изматете ги во длабок сад путерот и шеќерот. Додадете 1 лажичка ванила. Додадете ги јајцата едно по едно и продолжете со матење. Во еден сад измешајте го брашното и прашокот за пециво. Додавајте од брашното и од млекото во смесата од јајца и путер една по една лажица наизменично и мешајте додека да се соединат.
Тестото префрлете го во приготвеното тавче. Печете ја тортата 60 минути. Оставете ја да се излади 5 минути па префрлете ја во чинија.
Во меѓувреме во огноотпорен сад измешајте хопла, чоколадо и остатокот од ванила екстрактот. Овој сад ставете го врз тенџере со зовриена вода на рингла. Огноотпорниот сад не треба да ја допира водата. На овој начин на пареа растопете го чоколадото и измешајте го со хоплата за да добиете крем. Оставете го кремот на страна 20 минути за да се излади.
Со чоколадниот крем филувајте ја испечената торта. Потоа од сите страни испрскајте ја тортата со кокос.
Пресечете ја тортата на коцки и послужете ја.
На здравје!

23 август 2013 - 14:43