Торти

Торта од кокос

Брза торта од кокос и портокал. 

Време на подготовка:
6 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
56 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 200гр. шеќер
  • 125гр. несолен путер
  • 3 лажички рендана кора од портокал
  • 4 јајца
  • 160гр. брашно
  • прашок за пециво
  • 150гр. кокос
  • 2 лажици сок од портокал
  • 1 ќесичка ванила крем
  • чоколадни јајца, бомбони и шеќер во прав за декорација

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги со миксер путерот со шечер и кора од портокал. Додадете ги јајцата едно по едно и продолжете со матење.

Измешајте ги кокосот, брашното, прашок за пециво и сок од портокал. Додадете ги во смесата и изматете ги. Префрлете го тестото во округло тавче 22 см. Печете го 50 минути.

Изматете го ванила кремот по упатството на ќесичката. Испечениот колач внимателно со остар нож исечете го на половина за да добиете два кружни пандишпани. Ставете ја едната половина на чинија за сервирање. Филувајте го пандишпанот со кремот. Поклопете го со другиот пандишпан. Декорирјате ја тортата со чоколадни јајца, бонбони и шеќер во прав.

13 март 2013 - 07:00