Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 125гр. растителен маргарин
- 250гр. кокос
- 500гр. шеќер во прав
- 2 белки од јајце лесно изматени
- 1/2 лажичка ванила екстракт
- 3 капки црвена прехрамбена боја
Подготовка
Обложете со хартија за печење едно правоаголно тавче (20см). Во мала тава растопете го маргаринот на слаб оган. Потоа тргнете го од оган и оставете го 10 минути да се излади.
Измешајте кокос и шеќер во прав во длабок сад. Додадете го растопениот маргарин, белките од јајце и ванила екстрактот. Добро измешајте ја смесата и поделете ја на два дела.
Едната половина притиснете ја во подготвеното тавче. Во другата половина од смесата додадете црвена прехрамбена боја и добро измешајте за да се изедначи. Оваа смеса притиснете ја врз таа во тавчето. Измазнете ја добро површината. Покријте го тавчето со пластична фолија и ставете го во фрижидер 1 час.
ИЗвадете го кокосовиот сладолед од тавчето и исечете го на коцки. Послужете го веднаш.