Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
16 парчиња
Состојки
- 170гр. готов чоколаден колач без прелив (или готов чоколаден пандишпан)
- 100гр. путер
- 250мл. засладено млеко
- 100гр. кафеав шеќер
- 16 Колачиња од бел слез (маршмелоу)
- 65гр. кокос
- 80гр. чоколадни трошки
Подготовка
Ставете го чоколадниот колач во блендер и изронете го на трошки. Во мало тенџере измешајте путер, млеко и кафеав шеќер. Гответе го со мешање 10 минути додека да се растопи путерот и малку да се згусне. Тргнете ја смесата од рингла и оставете ја 30 минути да се излади.
Измешајте ги трошките во смесата од путери добро измешајте ја за да се соединат. Со раце формирајте бомбици од една лажица чоколадна смеса обвиткана околу едно колаче од бел слез. Во чинија измешајте го кокосот со чоколадни трошки. Извлакајте ги бомбиците во оваа смеса.
Обложете едно тавче со хартија за печење и поставете ги бомбиците. Прекријте ги со пластична фолија и ставете го во фрижидер еден час за да се стегнат.
На здравје!