Време на подготовка:
25 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 лажички кари
- 125мл кокосово млеко (го има во сите поголеми супермаркети)
- 4 лажици кокос
- 100гр. мелени печени кикирики
- 12 јагнешки котлети
- 1/2 лажичка кориандер
- 1/2 лажичка кумин
- 80мл. маслиново масло
- 1кг. компири, излупени и исечени на крупно
- кисело млеко, свежи ливчиња од кориандер и лимета за прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех за печење со фолија.
Измешајте кари, кокосово млеко, 2 лажици кокос и половина од кикириките во една чинија. Додадете ги јагнепките котлети и добро промешајте за да се обложат. Оставете ги да се маринираат 15 минути.
Измешајте кориандер, кумин и 60мл. масло во тава и запржете го на среден оган околу 3 минути. Ставете ги компирите на плехот и прелијте ги со зачинетото масло. Додадете сол и бибер по вкус. Печете ги компирите 25 минути додека да добијат златно жолта боја. На крај врз компирите додадете го остатокот од кокос и кикирики.
Додека се печат компирите пригответе го месото. Загрејте го остатокот од маслото во тава. Зачинете го јагнешкото со сол и бибер и пржете го по неколку минути од секоја страна. Оставете го да одстои во чинија 5 минути пред да го послужите.
Сервирајте го месото со печените компири и прелив од кисело млеко, свеж кориандер и парчиња лимета.
На здравје!