Време на подготовка:
25 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
30 лица
Состојки
- 250гр. чоколадни чајни колачи беа додатоци
- 125гр. растопен путер
- 800гр. кокос
- 400мл. засладено млеко
- 200гр. замрзнати цреши
- 125гр. маргарин, растопен
- розева боја за храна
- 150 гр. растопено чоколадо
Подготовка
Намачкајте со малку масло едно тавче. Обложете го со хартија за печење. Во бледндер измелете ги чајните колачи. Додадете путер и продолжете со мешање. Смесата од колачи и путер притиснете ја рамномерно во тавчето и ставете го во фрижидер 30 минути за да се стегне.
Во длабок сад измешајте кокос, млеко цреши и маргарин. Додадете малку розева прехрамбена боја и добро измешајте ја смесата. Додадете го кремот врз бисквитите во тавчето. Вратете го во фрижидер 15 минути.
Растопете го чокоадото. Прелијте го врз кремот во тавчето и вратете го во фрижидер уште 1 час за да се стегне.
Послужете го десертот исечен на коцки.
На здравје!