Карин Мајклс во своето предавање без никаков сомнеж нагласува дека кокосовото масло во прехранбена смисла не е ни најмалку здраво. Претходно, Американската асоцијација за срце предупреди да се избегнува користење кокосово масло во исхрана заради заситените масти што се откриени во него.
Мајклс го нарекува кокосовото масло „чист отров“ и „една од најлошите храни што би можел да ја јадеш“.
Според професорката кокосовото масло е поопасно и од свинската маст затоа што содржи исклучиво само заситени масти, кои ги затнуваат артериите што доведува до срцеви заболувања. (За сега како здрава алтернатива, врз основа на количеството незаситени масти што го содржи се препорачува користење маслиново масло или масло од маслодајна репка, како и масло од лен, кое не се препорачува за термичка преработка.)
Иако не ја задира подлабоко и останатата супер-храна, Мајклс објаснува дека акаи, чија или мака, во најдобар случај се неефикасни, затоа што хранливите состојки по кои тие се најпознати најчесто се полесно достапни во храна како моркови, цреши или кајсии.