Време на подготовка:
мин.
Време на готвење:
мин.
Вкупно време:
мин.
Порции
24 парчиња
Состојки
- 400 гр. брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол
- 100 гр. мед
- 2 лажички ванила екстракт
- 100 мл. масло
- 50 гр. кокос
- 100 гр. темно чоколадо
- 150 гр. сецкани лешници
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изрендајте го чоколадото на крупни парчиња.
Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, кокос и малку сол. Во друг сад измешајте мед, екстракт од ванила и масло. Додадете ја мешавината од мед во брашното и добро измешајте. На крај додадете ги парчињата чоколадо и сецкани лешници.
Во еден плех обложен со хартија за печење наредете по една лажица од тестото додека не го потрошите цело. Треба да ви излезат приближно 24 колачи. Печете ги колачите во загреаната рерна 20 минути додека да добијат светло кафеава боја. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите.
На здравје!