Сосови

Кари сос од леблебија и спанаќ

Вкусен сос за љубители на кари зачин.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица сончогледово масло
  • 1 главица кромид, сецкан
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички кари
  • 400мл. кокосово млеко (го има во сите поголеми супермаркети)
  • 800гр. варена леблебија
  • 250гр. чери домати, преполовени
  • 100гр. млад спанаќ
  • 4 лажици сецкан свеж магдонос
  • варен ориз за прилог

Подготовка

Сварете ја леблебијата во тенџере вода додека да омекне. Потоа процедете ја.
Загрејте масло во тава на среден оган. Додадете кромид, ѓумбир и лук и пржете ги со мешање 5-6 минути. Потоа додадете кари и гответе ја смесата уште 1 минута со постојано мешање.
Додадете ги леблебијата и кокосово млеко и оставете го сосот да зоврие. Намалете ја јачината на ринглата и оставете го да се вари 10 минути. На крај додадете домати и млад спанаќ.
По 5 минути дополнително варење сервирајте го сосот со варен ориз и сецкан свеж магдонос.

23 април 2013 - 07:00