Есенски десерт

Печени јаболка со урми

Вкусен овошен десерт со овесни снегулки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 јаболки, излупени и исецкани на парчиња
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 8 урми, без семки исецкани крупно
  • 90гр. овесни снегулки
  • 75гр. брашно
  • 25гр. кокос
  • 55гр. кафеав шеќер
  • 80гр. путер
  • сладолед од ванила за сервирање

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги јаболките во тенџере на рингла на слаб оган и додадете шеќер во прав. Гответе 10 минути ги покриени со повремено мешање. Кога ќе омекнат јаболката тргнете ги од оган и додадете урми. Префрлете ја смесата во тава за печење.
Измешајте овесни снегулки, брашно, кокос и шеќер во прав. Додадете путер и со раце замесете ги сите состојки. Месете додека да добиете смеса што наликува на лебни трошки. Смесата додадете ја во тавата врз јаболката. Печете ги во рерна 20 минути додека да добие тестото златно жолта боја.
Послужете го овој есенски десерт со сладолед од ванила.

25 септември 2013 - 09:29