Бомбици

Чоколадни бомбици

Совршен чоколаден десерт.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 400гр. чоколадо за готвење
  • 100мл. хопла
  • 2 лажици рум
  • какао
  • кокосови трошки
  • сецкани лешници
  • мелени ореви
  • шарени чоколадни трошки

Подготовка

Во едно тенџере зовријте вода на силен оган. Водата треба да е до половина на тенџерето. Потоа поставете друг огноотпорен сад врз тенџерето така што дното да не ја допира водата. Во овој сад додадете го чоколадото искршено на коцки. Додадете ја хоплата и мешајте со метална жица додека да се растопи чоколадото. На крај додадете рум и добро промешајте. Ставете ја чоколадната смеса во грижидер 4 часа за да се стегне.
Со малку навлажнети раце од чоколадната смеса формирајте мали бомбици. Не мора да бидат со совршена форма бидејќи кога ќе се изладат полсено ќе се обликуваат.
Бомбиците ставете ги во фрижидер и оставете ги 1 час.
Во посебни чинии ставете какао, кокос, сецкани лешници, мелени ореви и шарени чоколадни трошки. Извадете ги бомбиците од фрижидер и брзо корегирајте ја формата со раце. со тоа што ќе ги дообликувате бомбиците че станат малку лепливи. Поделете ги во неколку купчиња и валкајте ги во различните чинии со чоколадо, кокос, лешници ..
Наредете ги на чинија за сервирање и послужете ги веднаш.

30 август 2013 - 12:37