Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
20 лица
Состојки
- 1 кг. шеќер
- 1 маргарин
- 500 мл. слатка павлака
- 400 гр. кикирики несолени, печени
- 600 гр. мелени бисквити
- 400 гр. чоколадо
- 4 лажици млеко
- 100 гр. кршени кикирики
- 100 гр. кокосово брашно
Подготовка
Шеќерот се карамелизира на во тенџере на среден оган со 3 лажици вода. Се трга на страна и се става половина маргарин да се растопи. Се додава слатката павлака и се враќа на рингла. На тивок оган се остава да врие уште 5 минути.
Кога малку ќе се излади се додаваат мелените бисквити, кикирики и кокосовото брашно. Смесата се префрла во помал плех намачкан со маргарин. Одозгора се ставаат кршените кикирики.
Се прави прелив од чоколадо и маргарин, со неколку лажици млеко.